Пендаровски: Преспанскиот договор е насочен кон економската соработка на цел регион

by Фокус

Договорот од Преспа е важен за трговијата во Европа, а не само за билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Грција, изјави претседателот Стево Пендаровски, на денешниот виртуелен Самит на лидерите на Западен Балкан.

-И покрај генералната перцепција за Преспанскиот договор, тој во голема мера е насочен кон економската соработка. Двете држави се договорија за институционализација на структурален дијалог, опфаќајки гранични и бирокаратски процедури, и слободна размена на добра и услуги – рече Пендаровски.

Тој истакна дека Договорот ѝ обезбедува на земјава слободен пристап до пристаништето во Солун, што, според него, е клучно за економијата на двете држави.

-Договорот е важен и за економијата на целиот Западен Балкан, како и за грчкиот извоз. По неговото потпишување се забележува јасно зголемување на трговијата меѓу Северна Македонија и Грција, за трговијата меѓу Грција и останатиот европски пазар, која се одвива преку наша територија – нагласи Пендаровски.

Инаку, прв заклучок од денешната средба е да се обнови регионалната заложба за имплементирање на слободите на движење на добра, услуги, капитал и луѓе. Второ, лидерите се заложија за отстранување на бариерите кои го попречуваат економскиот развој. И, третатата заложба е идентификација на речиси готови инфраструктурни проекти, со цел да се обезбеди брза распределба на фондови и идни инвестиции.

Поврзани новости