Пендаровски предупредува: Прецртувањето на границите на Косово не може да нема ефект врз Македонија

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 истакна дека тој е против прецртување на границите на Косово како решение на косовското прашање.

-Прецртувањето на границите на Косово не може да нема ефект врз Македонија и Босна. Има структури во регионот кој тоа им е кец на десетка. Ќе речат што таму се менуваат границите, зошто да не се сменат и понаваму. Јас сум против било какво менување на границите на Балканот. Ако меѓународната заедница смета прецртување на границите е единствено решение за косовкото прашање, тогаш ќе треба да ни дадат силни гаранции дека нашите граници нема да се чепкаат, смета Пендаровски.

Поврзани новости