Претседателото Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, каде што се расправаше за состојбата со корона вирусот, истакна дека е донесен заклучок да се предложи прогласување на кризна состојба.
-Министерот Филипче информираше за болничките капацитети и за реорганизација на кадарот за прием на заразени пациенти. Ситуацијата е исклучително сериозна. Во таа смисла, по исцрпна дискусија донесовме заклучок да се продложи прогласување на кризна состојба на цела територија на Македонија во тек од 30 дена, рече претседателот Пендаровски.
Со прогласувањето кризна состојба, рече Пендаровски, се отвораат нови можности за справување со корона кризата, како и тоа Владата да може да управува и да ги користи приватните ресурси, трговските друштва, приватните болници и друго, ако се оцени дека е неопходно, нагласувајќи го фактот дека овде не станува збор за некаква нивна национализација бидејќи приватната сопственост е неприкосновена.
-Кризната состојба нема врска со полицискиот час и не предизвика рестрикции за движењето на граѓаните, рече Пендаровски.
За разлика од кризната состојба во Дебар, каде што се контролираше влезот и излезот и беше потребно масовно ангажирање на полицијата и армијата, овојпат нема такви рестрикции и затоа таа може да се спроведе на цела територија.
Тој додаде дека кризната состојба е сосема поинаква од полициски час.