Пендаровски: Потребна е меѓународна помош за ветингот во правосудството

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека тој смета дека е потребна меѓународна експертска помош за спроведување на ветинг во правосудството.

-Да бидеме реални, Груевски прв ја даде идејата за странец обвинител. После ја напушти. Штп се однесува до ветингот, јас мислам дека е најдобро да се свртиме кон некој странец експерт да го менаџира ветингот. Некој ќе рече сакаме во ЕУ, а не можеме сами да се справиме. Но, јас не се срамам да побарам помош кога има потреба од тоа, рече Пендаровски.

 

Поврзани новости