Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претходниот претседател Ѓорге Иванов.
Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на законите за оперативно-техничка агенција, за Централен регистар на населени и за финансиска поддршка на инвестиции, информираат од кабинетот на Пендаровски.
Пендаровски, се вели во соопштението од неговиот кабинет, смета дека овие закони и нивната идна имплементација се од витален интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.
Потпишани се указите за прогласување на следните закони:
– Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации;
– Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност;
– Закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;
– Закон за Централен регистар на население;
– Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции;
– Закон за изменување на Законот за спортот;
– Закон за практиканство;
– Закон за услуги;
– Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи;
– Закон за извршување на санкциите;
– Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди;
– Закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со текстот на Законот;
– Закон за електронско управување и електронски услуги;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, се наведува во соопштението до кабинетот на Пендаровски.