Пендаровски положи цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел” во Скопје, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Делегација, составена од претставници од Кабинетот на Претседателот, од Собранието и од Владата на Република Северна Македонија, положи свежо цвеќе пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина.

Делегација на Кабинетот на Претседателот денеска положи свежо цвеќе и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Поврзани новости