Пендаровски: Политичките лидери беа блиску до договор за избори, но комуникациите прекинаа

by Фокус

Откако прогласи вонредна состојба и во наредните две недели, претседателот Стево Пендаровски побара политичките лидери да се договорат за датум парламентарни избори. Во ситуација кога нема парламент и има техничка влада со лимитирани овластувања, истакна тој, мора се одржат избори и да се формираат институци со капацитет и легитимитет.

-Факт е дека политичките лидери имаат канали на комуникација меѓу себе, и јас имам секојдневна комуникација со секој од нив. Она што го знам до пред некој ден е дека неколку од тие лидери беа прилично блиску до датум, во рамки на 10 до 15 дена. Меѓу нив се разговараше и за неработен ден на гласање, на пример во среда. Но, во последните неколку дена комуникациите се прекинати – откри Пендаровски.

Притоа, тој порача дека државата не може вечно да биде во вонредна состојба, иако, како што рече, вирусот ќе трае можеби и во 2021 година.

Поврзани новости