Претсетаделот Стево Пендаровски ја поддржува владината мерка за вакцинација на администрацијата и здравствениот персонал.
Според него, и Уставниот суд вели дека јавното здравје е поважно добро од правото на избор.
-Ја поддржувам владината мерка зашто сите земји во регионот имаат слични мерки, како и многу западни земји. Ги гледам реакциите во јавноста, но се поведувам по правниот основ. Постои такво нешто во Законот за здравствена заштита, постои и како приоритет во Уставот, дека јавното здравје е многу поважно од правото на избор. Во април годинава таква одлука во врска со еден случај од Чешка донесе и Европскиот суд за човекови права, рече Пендаровски во гостувањето на ТВ Сител.
Тој информира и дека сите членови на неговиот Кабинет се вакцинирани.