Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, а на средбата со врховниот командат Каволи му била понудена и помош од страна на Алијансата, соопшти претседателот на брифингот за македонските новинари организиран веднаш по средбата.
-Командатот праша во кој дел ни е потребна помош и како може да ни помогнат. Му кажав дека имаме потреба од поддршка во делот на кибер безбедноста, рече Пендаровски.
Тој додаде дека Македонија веќе добива билатерална помош од Америка во овој дел, но сепак има потреба од дополнителна поддршка.
Инаку, главна тема на средбата била состојбата во Украина и невоената помош која членките на НАТО ја испраќаат.
Во текот на зимата се очекува војната и активностите на терен да забават поради зимските услови.
Во однос на ситуацијата во Косово, на средбата со командантот било кажано дека КФОР каде има и македонски војници, е добро поставен и проценката е дека нема да дојде до ескалација.
Од Монс, Белгија
Катерина Смилева Божиновска