Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ми предочи дека не ни предлага нова Југославија, меѓутоа се уште има многу нејаснотии и неизвесности околу новата методологија што ја предлага Франција, рече македонскиот претседател Стево Пендаровски по средбата со Александар Вучиќ.
-Макрон не можеше да ми одговори дали новата методологија ќе важи за државите кои се уште не почнале преговори или и за тие што веќе преговараат. Но, со неа се предвидува државите откако ќе затворат една група на поглавја да станат парцијални членки на ЕУ и од тој момент да ги користат структурните фондови. Меѓутоа, и ова е комплексно прашање кое се уште не е затворено – истакна Пендаровски.
Тој посочи дека моментално во ЕУ се проектира буџетот за следните 7 години поради што македонскиот претседател стравува дека расправата за проширувањето ќе биде на маргините, меѓутоа воедно повтори дека Македонија и регионот немаат друга алтерантива освен полноправното членство во Унијата.