Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски на денешниот централен митинг пред ЕУ Инфо Центарот во Скопје порача дека овие избори се и избори за концептот на иднината.
-Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство. Обезбедена и сигурна држава, рамноправен член на сите сојузи. Оние кои мислат дека сигурноста можеме да ја обезбедиме без НАТО и ЕУ, се лажат себеси. Немаме повеќе генерации за губење и нема да и дозволиме на политичката опозиција да не вратат назад. На сите оние кои сакаат да не вратат назад, гласно да им порачаме дека сите заедно ќе одиме напред. Не барам поддршка само да станам претседател, туку барам поддршка за концептот на иднината, концептот едно општество за сите. Ова не се само обични избори за претседател, на овие избори избираме опција да продолжиме напред кон иднината, рече Пендаровски.