440
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за ТВ Шења беше запрашан за неговите намери за кандидатура за втор мандат, при што тој истакна дека му е важна и партиската, но и граѓанската поддршка.
Претседателот изјави дека му е потребно да има поддршка од партиите кои застанаа зад неговата кандидатура на претходните избори, но истакна дека еднакво значајна му е и поддршката од оние граѓани кои не се членови на политички партии, од лицата кои се неопределени или кои ретко излегуваат на гласање, или пак сметаат дека сите политичари се исти и нивниот глас нема да направи разлика.
Тој дополни дека оценката за неговиот мандат треба да ја дадат граѓаните и затоа покрај партиската поддршка, важна му е и оценката од граѓаните.