324
Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека максимум во втората половина на февруари ќе се изјасни дали ќе се кандидира за втор претседателски мандат.
„Сѐ додека имам поддршка од граѓаните во еден солиден број, не стравувам од ниту еден политички субјект и затоа немам потреба никому да се додворувам во таа смисла“, изјави претседателот Пендаровски на прашањето дали стравува дека нема да добие поддршка од ДУИ.
Запрашан за коментар за анкетите коишто се спроведуваат, претседателот изјави дека неговиот личен рејтинг не е битно променет во изминативе четири години, што според него не е лоша работа ако во текот на мандатот не изгубите од вашиот рејтинг.