Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Финска, Пека Хависто, на која било разговарано за билатералните односи меѓу двете држави и евро-атлантската перспектива.
Пендаровски, информираат од неговиот кабинет, изразил увереност дека за време на актуелното финското претседавање со Советот на ЕУ, ќе биде препознаен напредокот на Северна Македонија и ќе биде вреднуван и потврден со позитивна одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
На средбата, Пендаровски истакнал дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка на Република Финска на нашиот пат кон полноправно членство во Европската унија, нагласувајќи дека евро-атлантската перспектива е гаранција за просперитетот, стабилноста и благостојбата на регионот.