Пендаровски одликуваше петмина спортски работници

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски на денешната свечена церемонија им додели „Медали за заслуга“ на петмина спортски работници од нашата држава.

Меѓу нив се легендата на кошарката во Македонија, Лазар Лекиќ, некогашниот одбојкарски ас Владими Богоевски, поранешниот селектор на боречката репрезентација, Насе Насев, како и на сегашниот претседател на Македонската таекводно федерација и селектор Борче Костовски.

-Иако сме мала нација како број, горди сме на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Посакувам нивните врвни резултати и постигнувања да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација – рече македонскиот претседател.

Постхумно беше одликуван и освојувачот на олимписки медал со СФР Југославија, Благоја Георгиевски-Буштур.

Поврзани новости