394
Претседателот на државата Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваа на свечената церемонија на крунисувањето на Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила во Вестминстерската опатија во Лондон. Пендаровски се заблагодари на поканата и испрати срдечни честитки до кралското семејство
„Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности. Годинава одбележуваме јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, кои уверен сум ќе продолжат да се продлабочуваат“, напиша Пендаровски.