339
Означен почетокот на работата на гасниот интерконектор Грција – Бугарија, со што се отвора нова, сигурна порта за диверзифициран природен гас, не само за земјите домаќини, туку, во крајна линија, и за Југоисточна Европа, напиша претседателот Стево Пендаровски од Софија.
-За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Северна Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока, истакна Пендаровски.