354
Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ денеска на Меѓународниот ден на Ромите беше на трибина во Шуто Оризари.
Тој истакна дека четирите лидери на партиите на Ромите во земјава за прв пат се заедно, обединети за една идеја, сите заедно даваат поддршка на оваа опција и на бројот 3 на претседателските избори.
-Да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите. Јасно и гласно ќе кажам, политичарите не смеат да говорат за ромските права само на Денот на Ромите. Треба секој ден да водиме грижа за правата и подобар живот на Ромите, на помалите етнички заедници, на сите граѓани, рече Пендаровски.