Кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски на митингот во Прилеп на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто” ја претстави неговата визија за обединето и европско општество во наредните пет години.
-Во Прилеп се чувствувам како дома бидејќи прилепчани на претседателските избори и пред 10 години, кога победата ми беше украдена и пред пет години кога станав претседател, а и на овие претседателски избори кога собрав најмногу потписи за мојата кандидатура, покажаа дека ја уживам довербата кај нив. Јас и овојпат можам сите да ве погледнам во очи, бидејќи се што кажав и ветив тогаш, јас го исполнив, се обрати Пендаровски.
Тој порача дека овие избори се многу важни бидејќи како што рече на спротивната страна – има опозиција која сака да не врати назад и повторно да преговара како за Рамковниот, така и за Преспанскиот договор, за повторно Македонија да заглави и да не влезе во Европската унија.
„Ние заедно со граѓаните успеавме да влеземе во НАТО со што Македонија доби тапија на државноста. Влезот во НАТО алијансата за мене е исто значаен, исто кога Македонија стана суверена и независна држава- рече Пендаровски.