Пендаровски: Очекувам уште поубедлива победа!

by fokus

Кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски очекува мирен изборен ден и, како што рече, уште поубедлива победа во вториот круг на претседателските избори.

Се надева дека најголемиот дел од тие гласачи ќе го препознаат концептот за кој се залагал во изминатиот месец и дека ќе сакаат, како што рече, „да го поддржат концептот што значи одење напред.

– Денешниот изборен ден во вториот изборен круг почна мирно. Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски и транспарентни избори, како што и прилега на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија. Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата изборна трка во првиот круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат – изјави Пендаровски за медиумите откaко гласаше на избирачко место во Автокоманда.

Поврзани новости