591
Претседателот Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии, предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава.
Тој очекува дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија.
Постигнатиот консензус за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, според претседателот Пендаровски, е уште еден показател дека во секоја зрела демократска земја неопходен е политички дијалог преку кој се носат усогласени одлуки и одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на нашата земја.