Пендаровски: Никој нема влијание врз Путин, единствено израелскиот премиер ми дава малку надеж

by fokus

Очигледно е дека врз рускиот претседател Владимир Путин никој нема контрола и влијание. Мала надеж ми дава иницијативата на израелскиот премиер, Нафтали Бенет, изјави претседателот, Стево Пендаровски.

-Иако информациите што ни ги дадоа се „шкрти“ сепак има најава дека е можно да се промени нешто. Но, никој не може да влезе во главата на Путин чија главна цел е, како што рече, денацификација на Украина, рече Пендаровски.

Според него, иако прецизно ја предвидоа војната, американските разузнавачки служби немаат јасен податок кога ќе заврши и можно е Русија да нападне одеднаш неколку градови и да се примени сценариото на Алепо во Сирија, или на Грозни во Чеченија, што значи да се срамнат со земја со стотици илјади жртви.

Поврзани новости