Пендаровски: ЕУ никогаш порано не реагирала поради злоупотреба на европското знаменце

by Fokus

За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Имено, во тој дел, измените на Законикот се усогласени со европската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела, рече денеска македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Тој посочи дека „никогаш, за ниту еден закон, Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри“.

„Дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот, е исто така испратено и до Владата и до Собранието. Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на Владата би требало да се запознаени со овој допис“ вели Пендаровски.

Поврзани новости