Независноста во 1991 година е третата и последна фаза на најголемиот национален проект во нашата историја, инициран преку двата Илиндена, вели претседателот Стево Пендаровски.
-Прашањата од типот, зошто денес имаме 450 евра просечна плата, а не илјада, дали бројката на невработени и иселени мораше да биде толку висока, или за квалитетот на услугите кои државата преку судството, администрацијата и надлежните институции ги испорачува на граѓаните, се апсолутно легитимни. Тие сериозно го проблематизираат ефектот од владењето на сите политички елити од независноста до денес, меѓутоа, не го поткопуваат проектот за независна, слободна и конечно, наша, сопствена држава. Со сите свои недостатоци, власта која нашите граѓани ја избираат на слободни избори не може да биде полоша од било која власт наметната однадвор – вели Пендаровски за Дојче Веле.
Според него, Уставот од 1991 година, Рамковниот договор и Преспанскиот договор се трите клучни документи за стабилноста на државата.