Пендаровски: Невкусно е во време на економска криза да им се покачуваат платите на функционери

by Fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со одлуката на Уставниот суд со која им се зголемуваат платите на функционерите, ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.

Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет, изјави за МИА претседателот Пендаровски.

Со одлука на Уставниот суд на 21 март се укинати два члена од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица со кои основицата за пресметување на платите се зголемува од 26.000 на 47.700 денари. На одлуката посочија од УПОЗ од каде велат дека платите на функционерите ќе им се зголемат за 78 отсто.

 

Поврзани новости