565
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека Македонија нема доволно ресурси за да воведе кризна состојба на целата територија со ниво на контрола како во Дебар и Центар Жупа.
-Во Дебар и Центар Жупа имаме над 350 луѓе медицински работници, војска, полиција кои ја контролираат кризната состојба. Ако се обидеме да го направиме тоа во сите 80 општини, со ова ниво на контрола на влез и излез, ние тоа не можеме физички да го постигнеме. Ако одиме кон кризна сотојба, тоа треба да се прави општина по општина, а не наеднаш на цела територија. Ако одиме со кризна состојба на цела територија, ние реално немаме ресурси тоа да го постигнеме, вели Пендаровски.