604
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека не е точно дека има нарушени односи со поранешниот премиер Зоран Заев.
Додаде дека освен институционална, нема друга комуникација со него.
-Немам никаква посебна комуникација со него. Се среќаваме на заеднички настани, но немам некоја друга комуникација, освен институционална, вели Пендаровски.