Пендаровски: Немам намера да барам гаранции за мандатот како Иванов, тоа е будалаштина!

by Фокус

Како и да го читате Уставот, покажува дека воено лице не може да застане на чело на МВР во било каква влада, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МРТВ, коментирајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ армискиот полковник Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи.

-За жал, селективноста во нашата држава доведе до тоа да претседателот повикува на национално помирување. Карактеристика за држави кои излегуваат од конфликт е да се бара помирување, се прават акти за помирување, закони за помилување и така натаму. За жал, години наназад, особено во времето на претходната влада, во времето на господинот Груевски се случија тие најголеми поделби. Две и пол години се прекраток период да се пополнат тие дупки – рече Пендаровски.

Според него, политички е легитимно што опозицискиот лидер Христијан Мицкоски говори дека ако добие 80 гласа и бадентер ќе го смени Уставот, но, додаде тој, тогаш се поставува прашањето какви ќе бидат последиците ако се поништат договорите со Грција и Бугарија.

-Со укинување на Законот за јазици, пак, ќе ги заострите односите со Албанците. А со поништување на договорите, во истата секунда ќе добиете блокада од Европската Унија, тоа се огромни политички последици – рече тој.

Шефот на државата порача дека нема намера да го повтори однесувањето на неговиот претходник Ѓорге Иванов, кој бараше гаранции за да го додели мандатот за формирање на влада, оценувајќи го тој потег како будалаштина.

Поврзани новости