669
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека тој смета дека нема логика сега да се одложуваат закажаните предвремени парламентарни избори.
-Неколку месеци по 12 април влегуваме во термин за редовните избори и не можам да видам која партиска или државна логика би барала тие избори да се поместат. Од она што го слушам од луѓе од бизнис заедницата, можам да ви кажам дека и онака кога веќе имаме закажано избори тоа е изгубено време, рече Пендаровски.