Пендаровски: Нема да ви дадам нови 30 дена вонредна состојба ако ситуацијата со Ковид се смирува

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „360 Степени“ порача дека ќе разлисли дали ќе го продолжи времетраењето на вонредната состојба доколку, како што рече, се стабилизира ситуацијата со Ковид 19.

-Ако трендовите се навистина позитивни, дај Боже, со цело срце посакувам така да биде, и ако ситуацијата со Ковид-19 се смирува, јас ќе размислам два пати дали ќе бидам единствениот кој ќе продолжува 30, плус 30, плус 30 дена и така до крајот на годината. Не сум сигурен дека ако трендовите во однос на Ковид се стабилизираат и генерално попуштаат и според првичните проценки и мерките за ограничување на движење, за реотворање постепено на бизнисите, не сум сигурен дека и во таква ситуација ќе решам – еве ви нови 30 дена – рече Пендаровски.

Поврзани новости