541
Претседателот Стево Пендаровски нема да се сретне со рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин бидејќи земјава се приклучила на санкциите на ЕУ и САД кои предвидуваат дека треба дипломатски да ја изолира Руската федерација.
-Нема да се видиме затоа што има една фраза која е содржана во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД. Таму постои формулација дека тие кои се приклучуваат кон санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Руската федерација, рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“, додавајќи дека не се санкционирани сите руски бизнисмени низ светот, одговарајќи на прашањето што е со рускиот капитал во земјава и дали се предвидува некаква санкции за нив.