676
Претседателот Стево Пендаровски ги оцени како легитимни барањата за одложување на пописот поради состојбата со пандемијата. Тој вели дека нема да биде крај на светот ако пописот се одложи за месец или два.
-Јас ги слушам повиците за разгледување тајмингот на пописот, корона, вакцини и слично. Тоа се сериозни прашања. Не гледам греда, пописот да се одложи за месец и или два. Тоа се легитими барања, оние што се однесуваат во доменот на здравстото. Нема да биде крај на светот. Не велам да се одложи за цела година, но месец или два не би биле проблем. За секој граѓанин да се чувствува безбедно, да не се плаши кога некој ќе му дојде во домот, вели Пендаровски.