343
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски запрашан за случувањата на граничниот премин Деве Баир, даде свој коментар околу апсењето на тројцата бугарски државјани кои правеа проблеми на граничната полиција.
„Сите оние кои влегоа од Бугарија во Северна Македонија и сакаа да отидат на гробот на Гоце Делчев, тоа им беше овозможено. Оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата се разбира заработија прекршочни пријави и депортација од нашата земја. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин. Нека ни се јави еден граѓанин на Република Бугарија на кој му било одбиено да влезе и да оддаде почит на Гоце Делчев, се разбира освен оние кои правеа проблеми, за што има видеоснимки“, вели Пендаровски.