511
Претседателот Стево Пендаровски во неделното интервју на Радио Слободна Европа рече дека се сретнал и разговарал со сите лидерите на поголемите политички партии, освен со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Се видов и со албанската опозиција и со албанските партии на власт. Се видов со македонските партии на власт, се видов со партиите на етничките малцинства, односно други етнички заедници кои не се мнозински, дури и со оние политички партии кои не гласаа за мене на претседателски избори, меѓутоа до сега не успеав да направам средба до господинот Мицкоски, со образложение дека сега не е моментот, рече Пендаровски.