Пендаровски: Не сум задоволен како функционира целиот кризен менаџмент за пандемијата

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека не е задоволен од тоа како функционира кризниот менаџмент за корона вирусот во држвата.

-Не сум задоволен како функционира целиот кризен менаџмент. Половина од кризната состојба, 15 дена се уште не направиле интерни внатрешни процедури. Тука зборувам за Центарот за управување со кризи, Дирекција за спасување, па и Министерство за здравство. Сите тие треба да бидат во еден систем. Кога се ова ќе заврши ќе свикам да се направи анализа за сите пропусти што ги имаме. Мораме да го кренеме нивото, ова не е задоволително дури ни за балкански услови. А, и не треба да се задоволуваме со тоа што ниту Србија, Босна… не се справуваат добро, рече Пендаровски.

Поврзани новости