Претседателот Стево Пендаровски не е многу загрижен околу тезата дека треба прво да има продлабочување, пред проширување на ЕУ, односно за измени на клучните процедури за вклучување, а потоа да се размислува за проширување. Според него, такво нешто не се случува.
-Има симболично движења напред во однос на статусот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. И надвор од овој регион, Украина и Молдавија не чекаат продлабочување на ЕУ, туку влегоа во процедура за проширување. Објективно во ЕУ во изминатите години постојат две и повеќе брзини. Не сите земји се дел од Шенген и не треба да има големо изненадување. Ова не е формален предлог на Макрон, туку дел од негов говор пред Советот на амбасадори пред неколку години, а сега е афирмиран, рече Пендаровски како одговор на новинарско прашање.
Пендаровски рече дека ваквиот предлог не би бил прифатен од бриселските институции и да биде испратен.
-Нема да станеме членки утре, па да се плашиме дека ќе имаме понизок статус и помалку права од другите членки. За нас е важно да продолжиме по формалниот пат и да се доближиме што е можно поскоро. Не би се вознемирувал премногу се додека не стане официјален предлог на органите на Унијата, кажа Пендаровски на пресот со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и претседателката на Словенија Наташа Пирц-Мусар.