Претседателот на државата Стево Пендаровски, на денешната пре-конференција истакна евентуалната одлука за одложување на парламентарните избори треба да се донесе со консензус од сите политички страни, меѓутоа, според него, треба да се разгледаат сите аспекти и можни последици околу корона вирусот.
-Мое размислување е дека можеме да истераме капања на социјалните мрежи, но постојат категории на граѓани кои немаат пристап до социјалните мрежи. Според сите препораки од ОБСЕ и други организации, граѓаните мора да бидат добро, сеопфатно и целосно информирани за да донесат одлука на ден на избори. Јас имам резерва за денот на избори. На нашите парламентарни избори во просек гласаат милион луѓе на 3 илјади гласачки места, со 5 члена во одборите. Ден претходно се спроведува гигантска операција за пренос на материјалот и на крајот материјалот се предава на изборните комисии кога се калкулираат резултатите. Досега, во светот не се спроведени избори во ваков амбиент, освен во Израел, каде инфицираните гласаа на посебни гласачки места. Таму сите беа облечени со скафандери, имаше медицински тимови, но тоа беше направено за мала бројка на луѓе – рече Пендаровски.
Тој додаде дека кај нас спласнува ентузијазмот на луѓето да гласаат, без оглед на, како што рече, бројот на заразени луѓе. Според него, не треба да биде крај на светот доколку, како што рече, изборите се оддржат за месец-два.