Претседателот на државата Стево Пендаровски е непријатно изненаден од изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која неговата средба со претседателот на САД, Џо Бајден ја нарекува ТикТок средба.
– Претседателот Пендаровски никогаш не си дозволил и нема да си дозволи средбите на господинот Мицкоски, на пример, со господинот Орбан да ги нарече ТикТок средби, ниту пак на идентичен начин да ја дисквалификува средбата која пред 10 години со господинот Бајден, тогаш потпретседател на САД, ја имаше неговиот тогашен партиски претседател, Никола Груевски. Станува збор за САД, Унгарија и многу други наши докажани партнери и пријатели од меѓународната заедница со кои сме дел од истата демократска заедница на вредности и затоа треба да покажеме поголема почит кон нивните политички претставници, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот на државата.