Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека секако не би можел да се согласи со ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени во интервјуто за БГНЕС.
-Интересно е да се спомене дека веќе наредниот ден премиерот Заев ретирираше и даде дополнително објаснување на тие ставови. Тоа објаснување беше во ред. Се разбира дека не можеме да се согласиме со првичното интервју, со ставови како тој дека струмичкиот и петричкиот се еден ист јазик, за отстранување на табли надвор од процедури, без разлика што пишува на нив. Ние сме навикнати на господинот Заев да има специфичен политички израз. За мене е важно што веднаш ретерираше. А, јас немам дилема што Заев мисли за мене. Не верувам дека тој би поддржал кандидат за претседател кој е политички неискусен, рече Пендаровски.