623
Претседателот Стево Пендаровски денеска на средба со преставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници истакна дека дава поддршка за иницијативата за измени на Кривичниот закон со кои нападите врз новинари ќе бидат третирани како кривични дела што се гонат по службена должност.
„Медиумските слободи, условите во кои работат новинарите и медиумските работници се прашања за кои е потребно постојано да дискутираме и да работиме на нивното унапредување“, порача Пендаровски.