49
Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство за жртвите кои настрадаа во терористичкиот напад во Москва.
-Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените, напиша Пендаровски на фејсбук.
Засега, бројот на загинати се искачи на 115, меѓу кои и три деца.