Пендаровски: На ВМРО-ДПМНЕ им смета апликацијата затоа што си ја имаат мувата на главата

by fokus

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, вели дека изборната кампања во првиот круг се одвивала во рамки на еден, како што рече, демократски амбиент.

– Можам да кажам дека сум задоволен дека ние, тројцата кандидати, се движевме во рамки на кодексот за фер и демократски избори што го потпишавме на почетокот.  Мислам дека може да добие преодна оцена и се надевам дека во првиот изборен круг, сите ние тројцата кандидати придонесовме за кревање на политичката култура – изјави Пендаровски на прес конференција еден ден пред да започне изборниот молк.

Околу прашањето за навлегување во приватноста и крадење на лични податоци на граѓаните, за што деновиве обвини опозицијата со објавувањето на апликацијата што наводно ја користел штабот на СДСМ, Пендаровски одговори дека станува збор за современа алатка што се користи во кампањите посебно во западниот дел од Европа, и во Скандинавските држави, што воопшто не значи влез во интимата на граѓаните или собирање на приватни податоци.

– Тој тип на кампања се води од врата на врата, наместо да се пишува во тетратка, сега се пишува во таа апликација. Меѓутоа, тоа се јавно достапни податоци и воопшто не станува збор за влегување во приватноста на граѓаните, не станува збор за никаква повреда на уставно право, вели тој. Тоа што луѓето од ВМРО-ДПМНЕ мислат дека е тоа некоја нова голема операција, како ја велат тие големото уво, тоа го кажуваат затоа што ја имаат мувата на главата. И во 2001-ва илјадници луѓе прислушкуваа и во време на режимот на Груевски повторно над 20.000 луѓе прислушкуваа на традиционален начин. Мислам дека нема споредба во овие работи. Тие влегуваа во интимата на граѓаните, тие ја нарушуваа нашата приватност и за тоа колку што знам веќе се поведени неколку постапки и пред судот во Стразбур од луѓе кои овде беа прислушкувани во чија интима се влегуваше – рече Пендаровски.

Поврзани новости