Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски на утре и задутре (16 и 17 јануари) ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, насловен „Обнова на довербата“ што се одржува во Давос, Швајцарија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светски економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.

На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи.

Поврзани новости