Пендаровски на средба со ОБСЕ: Очекувам избори според највисоките стандарди

by Fokus

Предвремените парламентарни избори да бидат спроведени според највисоките стандарди и критериуми, како што доликува на земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија која треба да ги почне пристапните преговори.

Ваквото очекувања претседателот Стево Пендаровски денеска го искажал на средба со Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори.

„На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за работата на мисијата и изрази уверување дека нивниот ангажман ќе придонесе за успешен изборен процес, кој поради пандемијата на ковид-19 ќе се одвива во специфични услови“, информираа од неговиот кабинет.

 

Поврзани новости