Во Скопје, во Македонија доаѓа нивниот пријател од Германија, од нивната сестринска партија ЦДУ. Човекот е еден од највлијателните, во врвот е на таа политичка партија и вели, по разговорите со раководството на таа партија, ВМРО-ДПМНЕ добив недвосмислен впечаток дека тие се за уставни промени, рече претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски.
-Значи Германецов еден состанок направил со своиве другари и тие му признале тоа што не го признаваат со години пред македонскиов народ и пред македонскиве граѓани, рече Пендаровски.
Како што рече, пред 4 години Силјановска Давкова изјавила дека потписниците на Преспанскиот договорот треба кривично да одговараат, а сега во нивната програма стои „НАТО е гаранција за безбедноста на Македонија”.
„НАТО без Преспа не бива. Значи лажење без усул”, подвлече Пендаровски.