570
Претседателот Стево Пендаровски присуствувал на сет на снимањето на турски сериски фикм кој се снима во Скопје.
-Деновиве го посетив сетот на турскиот сериски филм „Балканска приспивна песна“ во продукција на ТРТ, којшто се снима во Скопје.
Со филмската екипа разговаравме за впечатоците од нивниот досегашен ангажман, напиша претседателот Пендаровски.
Темата на филмот пак е вечната тема на Балканот, односно забранета љубов.
Станува збор за љубовна приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, нивната борба да го постигнат навидум невозможното преку љубовта.