Пендаровски на самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана, ќе има средба со Зеленски

by Fokus

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска престојува во работна посета на Тирана, Република Албанија, каде што ќе учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа, соопшти неговиот кабинет.

Пендаровски ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот, а предвидено е да оствари и билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

На Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана, на кој домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, а ко-домаќин е украинскиот претседател Володимир Зеленски, своето учество го потврдија претседателите на Република Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседателките на Република Косово и на Република Молдавија, Вјоса Османи Садриу и Маја Санду, премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Поврзани новости