Претседателот Стево Пендаровски не ја коментира вчерашната изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков, дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија, но вели дека треба да му се верува оти се работи за актуелен премиер.
– Изјавата на Петков не можам да ја коментирам бидејќи е заснована на информациите на бугарските институции и бугарските служби. Но, бидејќи се работи за актуелен премиер на Бугарија, треба да му се верува, изјави Пендаровски за ТВ Телма.
Претседателот Стево Пендаровски, го објасни и неодамнешното протерување на руски дипломати од земјава, но се осврна и на изјавата на бугарскиот премиер.
– За тие петмина руски дипломати, изјавивме дека излегле од статусот со кој се имаат пријавено кога дошле кај нас, значи не биле дипломати. Не можам да влегувам до детали тоа се разузнавачки детали, но тие работеле надвор од тоа што го пропишува Виенската конвенција, вели Пендаровски.