412
Претседателот Стево Пендаровски вечерва беше дел од ифтарската вечера на семејството Таналари во Кондово.
-На сите сограѓани од исламска вероисповед во месецот на Рамазан, ви посакувам мирен период на пост, молитва и среќни денови со вашите најблиски. Им благодарам на семејството Таналари во Кондово за гостопримството, што ми овозможија да бидам дел од нивната ифтарска вечера, објави Пендаровски на Фејсбук.