„Со големо задоволство и со потполна одговорност го примам мандатот од претседателот на државата и врз основа на законите и Уставот преговорите за состав на оваа Влада ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба на државата“.
Ова го изјави новиот технички премиер Талат Џафери, откако Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот.
Денеска во Собранието се изврши и примопредавањето на функцијата претседател на Собранието, па нов спикер е Јован Митрески.
По примопредавањето на функцијата Џафери во изјава за медиумите на Mитрески му посака здравје и успешна работа во понатамошниот тек на функционирањето на Собранието.
– Му честитам на изборот и не се сомневам дека соодветно ќе одговори на фунцијата, должноста и на одговорноста која произлегува од таа функција. Без оглед што времето некој го смета 100 дена, иниституцијата е и еден и една секунда институција и значењето значи до последниот момент на функционирање, на што не се сомневам. Го информирав дека програмските активности, она што треба да биде делокруг на работа на Собранието во оваа година, спрема законите постоечки навремено се подготвени, потпишани и однесени. На оперативните и планирачките нешта, законите се подготвени и може да настапат во реализација на истата. Спрема условите, имаме краток рок до распишување на избори, но тоа е веќе надлежност на претседателот – рече Џафери.